93c6MuFnPxqpjGnRsehG

инфо

Година 2020
Дата/Време четврток 20.08 18:00
Место Град Скопје
Земји учесници МК

учесници

Ивана Драгшиќ

Ивана Драгшиќ, социолог и граѓанска работничка, која делува во областа на урбаното заедничко (commons) и градското управување. Со колегите од…

ПОВЕЌЕ

A
Р

Т

И

С

Т

И

синопсис

WoW Program | Мапирање на женското културно наследство

Скопје 2020 (ж.) е градска пешачка тура која раскажува друга приказна за настанувањето, просторното планирање, политиките и животот на/во градот Скопје. Наратив оптеретен од неразумноста и штетноста на хетеропатријархатот, но и во директен судир со него. Се среќаваме на пресекот помеѓу познатите географски локации со формалната историја, современите политички искуства и женски приказни и се одучуваме дека машки политички квази-воени фигури и други авторитети. Градот, општеството и културата ги градат вештини, знаење и политики создадени токму на маргините и под (не)видлив мачо притисок. Турата ќе ја води Ивана Драгшиќ, социолог и граѓанска работничка, која делува во областа на урбаното заедничко (commons) и градското управување. Со колегите од Плоштад Слобода работат на медиумски проекти, истражувања и развој на политики и пишуваат за градското планирање и јавниот простор, урбаното зеленило, учеството на граѓаните, управувањето со ресурси, како и на други теми вткаени во политиките како што се: феминизам, екологија, култура и институции. Драгшиќ е уметница – аматер и изведувачка и пушта музика на радио и во клубови како ДиЏејка.

Назад кон фестивалот

EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4