Разговор што можеше да биде перформанс
во соработка со МОТ+
Непосредност во криза е предлог за потрага по потенцијалностите кои се кријат зад ограничувањата, наспроти тонењето во фрустрацијата од наметнатите забрани. Овој разговор што може(ше) да биде перформанс обединува некои од најблиските соработнички и театарски истомисленички на ПРВО ПА ЖЕНСКО, кои низ својата работа ги деконстурираат традиционалните динамики на моќ и хиерархии втемелени во изведувачките пракси, сега брутално разорени, зајакнати и/или контекстуализирани од пандемијата. Иако разделени во простор и време, заедно ќе се обидеме да ја вратиме непосредноста – иманентна на изведувачката уметност, а сега е укината со мерките кои не штитат од непознатиот вирус.
Учеснички: Јасмина Василева – актерка, Ана Дубљевиќ – изведувачка, танчерка, кореографка и културна работничка (Србија), Мод Хендрикс и Бернадет О’Рајли – Outlandish Theatre Platform (Ирска), Билјана Радиноска – режисерка и Јасна Јасна Жмак – писателка и драматург (Хрватска).





