Селма Селман

Селма Селман

7jKmxIOsbvGj32LTT2fr

Селма Селман (1991, Бихаќ, Босна) дипломирала на Факултетот за сликарство во Бања Лука на отсекот за Ликовни уметности (2014), и магистрирала на Универзитетот во Сиракуза (Syracuse University) на отсекот Ликовни уметности – Трансмедијалност, визуелни и изведувачки уметности во Њујорк, САД (2018). Селма има ромско потекло. Главна цел на нејзините дела е да ги заштити женските тела и да им овозможи сеопфатен пристап до самоеманципација на опресираните жени. Нејзината потрага по функционален, современ, политички отпор е инспирирана од нејзиното лично искуство на опресија на различни нивоа, од различни страни.
Селман е основачка на организацијата Марш во школо! чија цел е да им се дадат можности и да се поттикнат девојчињата ромки кои живеат во сиромаштија, заборавени од општеството. Селма живее во БиХ, во САД и низ Европа. Нејзините дела биле изложени во Kunsthalle во Виена, Австрија (2020); L’Onde Center for Art, во Париз, Франција (2020); на 58то Венециско биенале на уметноста, Италија (2019); во музејот Queens во Њујорк, САД(2019); во Villa Romana во Фиренца, Италија (2019); на Creative Time Summit во Мајами, САД (2018); на 3тиот Берлински есенски салон во театарот Maxim Gorki, Германија (2017); во acb Gallery во Будимпешта, Унгарија (2017); agnès b. Galerie Boutique во Њујорк, САД (2017); New Children Gallery во Њу Орлеанс, САД (2016); Kunstquartier Bethanien во Берлин, Германија (2016); во Музејот на современа уметност на Република Српска во Бања Лука, БиХ (2014). Без Простор е нејзина прва изложба во Скопје.

BIH
уметница
EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4