инфо

Година 2025
Дата/Време четврток 12.06 12:00
Место Буква
Земји учесници МК | Македонија | Србоја

учесници

Сузана Димитриевска

Сузана Димитриевска е една од првите и најголеми органски производителки во земјава. Со својата органска фарма „Липа“, лоцирана во селото…

ПОВЕЌЕ

Ана Џокиќ

Ана Џокиќ е архитектка и дел од меѓународно признатото дуо STEALTH.unlimited (Белград/Ротердам). Нивното поле на дејствување ги поврзува замислувањето на…

ПОВЕЌЕ

Неда Чаловска-Димовска

Неда Чаловска-Димовска е магистерка по меѓународно право и човекови права и работи фокусирано на прашања поврзани со родовата (не)еднаквост, од…

ПОВЕЌЕ

Лилјана Јоноски

Лилјана Јоноски, докторандка на Меѓународно право и меѓународна политика, зад себе има 17-годишно искуство и работа во граѓанското општество, но…

ПОВЕЌЕ

Сара Миленковска

Сара Миленковска е феминистка, модел, политиколог и сите контрасти кои им се противат на општествените норми и идеи за нејзината…

ПОВЕЌЕ

A
Р

Т

И

С

Т

И

синопсис

Ткаење солидарност – од раце до срце: осмислување на заедништвото преку женското кооперативно здружување

Дискусија и презентација на истражување за женските кооперaтиви на ПРВО ПА ЖЕНСКО 13 #ППЖ13 | Ткаење солидарност – од раце до срце: обмислување на  заедништвото преку женското кооперативно здружување |  12 јуни |  12:00 – 15:00 |  Кафе книжарница БУКВА

Лекот за болката и страдањето се случува во просторот на заедничкото постоење и дејствување. Се случува во заедница каде секоја подадена рака е како мелем на раните направени од оние кои не знаат како да се справат со својата болка. Оваа програма има за цел да го истражи женското кооперативно здружување како одговор на родово базираното и семејно насилство, но и останати форми на насилство спрема жените.

Преку расплеткување на митовите околу предизвиците и потенцијалот на овие здружувања ќе се обидеме да истражиме една алтернативна форма на заедница која би била сведоштво за моќта на женското здружување и колективно дејствување. Уште една нишка од новиот свет каде колективното ослободување го надвишува индивидуалното, не со агресија, туку со нежност, трпение и љубов.

За време на дискусијата, ќе се претстават наодите од истражувањето и ќе се дискутираат предизвиците на ваквите уредувања, како и потенцијалот за поставување на вакви структури во Македонија и регионот. Ова истражување е првиот чекор кон обработување на темата на женски кооперативи и задруги, од кое се стремиме да добиеме конкретни препораки за понатамошни активности. 

————————————

Учеснички на настанот:
Лилјана Јоноски – истражувачка, извршна директорка на Рурална коалиција
Неда Чаловска-Димовска – експертка за човекови права и родова еднаквост
Сара Миленковска – феминистичка организаторка и истражувачка
Ана Џокич – архитектка и ко-основачка на неколку регионални кооперативи
Сузана Димитриевска – земјоделка и произведувачка на органска храна

————————————

Tiiiit!Inc. | Kvinna till Kvinna | Embassy of Sweden | Equality Fund | Global Fund for Women

Назад кон фестивалот

EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4