Копродукцијата на еден од најрелевантните европски театри MLADINSKO со MASKA и MESTO ŽENSK од Љубљана, Словенија, која беше наградена со специјалната награда „Јован Ќирилов“ и со награда од публиката на БИТЕФ, за прв пат ќе биде претставена во Скопје, како дел од изведувачката програма на #ППЖ13
СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ II: БОРБА ||
Преформанс – предавање
Режија: Тјаша Чрнигој
Копродукција: МЛАДИНСКО , MАСКА и МЕСТО ЖЕНСК
Проектот е дел од серијата перформанс-предавања „Сексуално образование II“
Премиера: 01.06.2023
ИГРААТ
Лина Акиф, изведувачка
Сузана Крех, изведувачка
ЕКИПА
Сценографија: Тијана Тодоровиќ, Лене Лекше
Костимографија: Тијана Тодоровиќ
Експертка од областа: д-р Маја Вехар
Соговорничка за темата за биографиите на Вида Томшич и Франц Новак: Жива Новак
Гласот на Вида Томшич: Драга Поточњак
Гласот на Франц Новак: Матеј Рецер
Гласот на бабицата: Нина Скрбиншек
Гласот на спикерката: Сара Хоржен
Музичка селекција: Тјаша Чрнигој, Сенди Бакотиќ, Ванда Велаѓиќ, Тијана Тодоровиќ, Лене Лекше
Советничка за говор: Матеја Дермељ
Монтажа и постпродукција на аудио-снимката: Јуре Влахович, Силво Зупанчич
Дизајн на светло: Тјаша Чрнигој, Игор Ремета, Манца Вукелич, Тијана Тодоровиќ, Лене Лекше
Продуцентка: Тина Добник
Партнер на проектот: Колектив Игралке
Сценски раководител: Демијан Пинтарич
Фотографии: Нада Жганк
Во перформансот-предавање се користени архивски материјали од Музејот за современа историја на Словенија, Архивот на РТВ Словенија, Архивот на Република Словенија и личниот архив на Жива Новак.
Петтиот и последен дел од серијата перформанс-предавања „Сексуално образование II ја реконструира борбата за репродуктивни права во Југославија, која само имплицитно ги допре сексуалните права, но овозможи и денес да можеме да зборуваме за сексуално задоволство.
Оваа борба се води уште од времето на Втората светска војна и непосредно по неа, кога така наречената епидемија на (нелегални) абортуси го одзема живот на многу жени. Во тоа време, абортусот беше нелегален и казнив со затвор, а концептот на силување во брак не беше препознаен со закон.
Преку биографиите на Вида Томшич – партизанка и значајна југословенска политичарка, и д-р Франц Новак – Лука, партизан, истакнат гинеколог, и втор сопруг на Вида Томшич, перформансот ја прикажува еволуцијата на политиката, што за тоа време била прогресивна – развојот на идејата за планирање на семејството како човеково право и правото на сексуално образование кое ги надминува рамките на биолошката дефиниција на сексуалноста и се фокусира на т.н. хумани односи меѓу половите.
Во време кога општеството повторно се традиционализира, а политиките ги
преиспитуваат правата на безбеден абортус и контрацепција, идејата дека телата на жените им припаѓаат само ним не може да се смета за нешто што се подразбира – туку како нешто за кое сè уште – и повторно – треба да се бориме.
НАГРАДИ
Награда од публиката на 58. БИТЕФ (2024)
Специјална награда „Јован Ќирилов“на 58. БИТЕФ (2024)
„Сексуално образование II“ е дел од проектот „Тест-подрачје: Репаративни практики за нов културен екосистем“, замислен и реализиран од Курзив – Платформа за култура, медиуми и општество, Здружението Станислав Брзозовски / Критика Политичка и Маска Љубљана, со поддршка на програмата Креативна Европа на ЕУ.
——————————-
Изведбата ќе се случува во различни делови од Железничката зграда на ул. Борка Талески 26 во Скопје, благодарение на станарите и соработка со Лабораторијата за просторни и сценски истражувања на ФРУ.
Билетите по цена од 300 мкд се достапни на https://drugastrana.mk/event/ppz13-borba/
По изведбата ќе следи разговор со режисерката Тјаша Чрнигој и можност за дискусија со публиката.
СКОПЈЕ ПРАЈД ВИКЕНД на Коалиција Маргини, ПРВО ПА ЖЕНСКО на Тиииит! Инк. и ПЕРФОРМАНС ПЛАТФОРМА на Локомотива го посветуваат јуни на современата и критичка перформанс уметност во танцот, театарот и визуелната уметност, како гест на грижа, релациска, политички ангажирана уметничка практика и акт на демократизирана јавна имагинација. Твориме простор за соработка, заедништво и размена, барајќи од институциите да го препознаат и континуирано да го поддржуваат.