Актер и соосновачка на Здружението на уметници К. Ц. Медиа Артес како и на Охридскиот театар, со над 20-годишно искуство во областа и на независниот и на институционалниот театар и култура. Јасмина ја комбинира својата актерска работа со интердисциплинарен уметнички пристап кој вклучува применет театар, театар на заедницата, уметнички и културен менаџмент итн. Нејзината визија е креирање на современ театар кој обединува, се занимава со прашања релевантни за современата човечка состојба и на тој начин создава заедница.