По отворањето на изложбата на архивата „Аркадија“, продолжуваме низ трансгенерациски разговор на тема: „Мапирање на лезбејскиот* активизам, неговите почетоци и трансформации кај нас и во регионот“ преку кој ќе ги мапираме некогашните и денешните форми, културни пракси и потреби на лезбејското* активистичко движење, во регионот и кај нас, и неговото место во пошироката квир и трансфеминистичка борба.

Без да бегаме од сентименталност и носталгија – сѐ додека минатото го пречитуваме како потенцијал што може да се трансфомира во нашите заложби за иднината – вечерта ќе ги прославиме лезбејките што го скршија молкот во јавниот дискурс, ќе се потсетиме на генијалните просторни и уметнички интервенции на првата македонска лезбејско-феминистичка група „ЛезФем“ и ќе позборуваме за денешните (постоечки и посакувани) сафички и трансфеминистички делувања.
Разговорот ќе го води Дони, а ќе учествуваат Ирена Цветковиќ, Јелена Васиљевиќ, Елена Петровска и Лаки.
Дојдете да се запознаеме или најдеме одново и да замислиме желби за она што претстои.
