Инспириранa од спекулативниот активистички пристап на adrienne maree brown која во центарот на напорите за подобар свет и заедничарење ги става задоволството и креативната енергија, @klelija ќе нѐ води низ работилница за рачно украсување на текстил на 1 ноември во 11 часот во @ljubov.bar.
Додека ги дотеруваме парчињата во кои ќе сме автентично свои, ќе поразговараме за еуфоријата да се чувствуваш пријатно во сопствената кожа, за облеката како личен манифест и за задоволството не како луксуз, туку стратегија за преживување.
Земете некое оштетено, исфлекано или едноставно подзаборавено парче облека или текстил и дојдете да го ишараме со нов живот. Бои, неколку парчиња за украсување и почетни шаблони ќе обезбедиме ние, а вие пријавете се на линкот на стори/во био.
Клелија Живковиќ е трансдисциплинарна уметница чија пракса e лично и колаборативно истражување на границите: психолошките, политичките и наративните бариери кои ги создаваме низ нашите процеси на здружување и разделување. Таа верува дека начините на кои квир луѓето се грижат едни за други одекнуваат древна еколошка логика за одговарање на насилство со бунтовна оживеаност. Затоа, својата пракса ја ситуира на пресекот помеѓу настраноста, екологијата и грижата, три нишки кои заедно сплетуваат нови текстури на меѓусебна поврзаност.

