Годината е 1931, а берлинското кабаре е главното субверзивно, политички ангажирано и експериментално прибежиште на ноќниот живот. На цензурата, пуританството и растечкиот фашизам им се возвраќа со песна и танц, политичка сатира и незауздана еротичност.
Сто години подоцна, кога фашистичките фантазии повторно шетаат на отворено, десничарската реторика повторно меле за традиционалните вредности, а телата се дициплинирано суспендирани во недостаток на слободен ноќен живот, гламурозно се качуваме на сцената наконтени со бисери и пердуви, зашто и отпорот заслужува да светка под рефлектори.
Спремете се за еден спектакуларен 𝒅𝒓𝒂𝒈 𝒌𝒊𝒏𝒈 перформанс на чопорот на невклопените, родово неускладени изроди и совршени губитници предводен од ем-си Чичо, Лазарус (@lazarus.drag), Падре Долоросо (@beljadjija) и Один (@kreatoruberalles)!
Дотерајте се, оваа вечер сите ќе сме убави, зашто овој живот е ох, толку прекрасен! Облечете ги фустаните и фраковите, ставете ја најблескавата шминка, истопорете ги вашите буч торза, кокетирајте со вашата фем хаотичност и бидете дежурни циркузанти и родови пропалици – нека светот биде затекнат од вашиот квирлук.
Кабаре шоуто во продукција на @butchkuruzh започнува во 21 часот, а тематската забава продолжува со куриран музички избор на @catastrophizing_.
