Pocket palma – “носталгијата во неонски бои”.
Pocket palma e загрепско синтвејв дуо составено од Ања Папа и Лука Видовиќ, доаѓа со својот препознатлив ретро, но истовремено и свеж звук, кој веќе освои илјадници слушатели низ регионот.
Нивниот прв албум, истоимениот „Pocket palma“, се состои од 11 песни низ кои се провлекуваат теми од нивното минато – mixtape-касети, преклопни мобилни телефони, училишни забави, скршени срца, како и задолжителните ретро мотиви: летните зајдисонца, неонските светла и неизбежните палми, спакувани во длабоки метафори за секојдневието. Токму со тој албум, “Pocket palma” отворија врата кон една сосема нова synth-поп сцена на Балканот. Со најновиот, трет студиски албум “III”, добија уште повеќе признанија и ја започнаа својата голема регионална турнеја со настапи во Хрватска, Србија, БиХ и Македонија.
А сите ние, доаѓаме за мега-хитовите „godišnji“ и „ono što nam inače nedostaje“.