Gillespie

Gillespie

188875 10150440388555361 44367235360 17481659 209513 n

Алтернативен рок во својата најнепредвидлива форма!

Gillespie се еден од највлијателните алтернативни состави од Приштина, кои повеќе од 20 години ја “кршат” сцената со уникатен спој на рокенрол, психоделија, нојз и инди – веднаш воочливо и во нивниот видео-сингл „Dimri shkoi“. Песната е дел од нивниот последен албум „Diku, dikur…“, кој низ 8 жестоки траки, не носи низ вистинско патешествие низ сите нијанси на рокенролот – почнувајќи од 60-ти психоделија а се до современо инди.

Хитот „E Di!“ бил број еден во Косово цели шест месеци, а „Luledielli“ била номинирана за најдобра indie песна. ЕП-то „Femme Fatale“ пак, донело уште една номинација за најдобра алтернативна песна на „Top Fest“ во Албанија. Gillespie се познати и по својата активна поддршка за човекови права и здрава животна средина.

Gillespie зад себе имаат три фантастични албуми и едно EP, а бендот го сочинуваат:
Blerta Zabergja – вокал
Guri Shkodra – гитара, клавијатури
Isah Mustafa – бас и бек вокали
Granit Havolli – тапани
Viola Rrecaj – клавијатури

EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4