КЕМ e музички колектив од Скопје, формирани 2020 година. Во својот израз комбинираат хип-хоп, инди, RnB, семплови од авторска гитара и синтисајзер спакувани во нео соул пикник-мелодија.
Нивниот прв албум, насловен “Columba Noachi”, веќе достигна своевиден етаблиран статус на алтернативната сцена. Во живо, настапите на КЕМ имплодираат од интимна енергија која е во постојана динамична релација бенд – публика – бенд. Секојпат се трудат да звучат различно, затоа што сакаат да си “поиграат” со она што го снимиле, оставајќи простор публиката да ги доживее одново.
По нивното првенче, издадоа сингл со наслов “Завист”, а снимија и live – сесија за музичката платформа Xotel. Во 2024 година го издадоа и својот втор албум „Камен Пламен Татко“.
А од најново, КЕМ се:
Емир Јашаров
Марко Марковски
Марко Захариев
Емил Ејупи
и
Елена Васова
„Само надежта ни го држи духот силен“ – велат тие. A време е за Ghostbusters!