„Зошто 8 Март?“ | Отворен повик за едукатор(к)и

„Зошто 8 Март?“ | Отворен повик за едукатор(к)и
TxPa3axODAobFyDpjRNl

Ако се гледате како идни просветни работници/чки, едукатори/ки, наставници/чки или сакате да работите со млади – ова е повик за вас!

Тиииит! Инк. и оваа година продолжува со едукативни активности со кои се отвора простор за инклузивна дискусија со средношколци и средношколки на теми поврзани со родова еднаквост, феминизам и женска историја.

Овој циклус ќе се реализира врз основа на новиот педагошки материјал, историската читанка со наслов „Историја на жените во Македонија кон крајот на XIX и во првата половина на XX век“, изработена од тим истражувач(к)и и автор(к)и, со цел да им се овозможи на средношколците и средношколките подлабоко, покритичко и поинклузивно разбирање на историјата.

Материјалот е создаден како одговор на потребата да се надмине доминантниот пристап во кој жените се исклучени или маргинализирани и да се отвори простор за учење за нивните искуства, улоги и придонеси во општествените процеси.

Едукативниот материјал е изготвен во соработка со ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, со цел да се поттикне критички пристап кон историјата и прашањата за родова еднаквост кај младите.

Тематски, материјалот опфаќа повеќе целини и прашања:

💠 Политичко дејствување – како жените се вклучувале во политички и револуционерни процеси;

💠 Жените и образованието – развојот на учителствувањето и пристапот на девојчињата и жените до образование;

💠 Работнички – трудот, условите и улогата на жените во економијата;

💠 Жените и здравствената и социјалната грижа, како и културниот и спортскиот живот како важни сегменти од јавната сфера.

Преку оваа активност, сакаме да создадеме простор во училниците каде што младите ќе можат да се запознаат со женските приказни, борби и придонеси кои ретко се дел од формалното образование – и да развијат чувство за еднаквост, солидарност и критичка свест за општеството во кое живееме денес.

Ги повикуваме сите заинтересирани едукатор(к)и да ги спроведат подготвените материјали за време на еден средношколски час, во одделенијата на професор(к)ите кои се пријавени за соработка.

Особено ги охрабруваме да се пријават студенти(к)и и дипломирани лица од општествени и хуманистички науки (историја, педагогија, социологија, комуникации, книжевност, политички науки итн.), лица кои имаат интерес за феминизам, родова еднаквост и работа со млади и невработени млади лица (имаат предност при селекција).

Доколку сте професор/ка со полно работно време во средно училиште, можете да ги добиете материјалите по ваше барање и самите да го одржите часот.

📌 Формуларот за пријавување е достапен ТУКА

📅 Повикот е отворен до 20 февруари

За дополнителни прашања, пишете ни на: tiiiit.inc@gmail.com

Им се радуваме на вашите пријави! 💜

——————

Спроведувањето на активноста е поддржано од Equality Fund, Kvinna till Kvinna и Амбасадата на Embassy of Sweden in Skopje.

„Зошто 8 март?“ е активност поддржана во рамки на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд. Содржината/изразените мислења никогаш не може да се толкуваат како ставови на Владата на Швајцарија и Хартефакт Фонд.

tiiiitinc_logo_outline
EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4