Тиииит! Инк. објавува повик за графички/а дизајнер/ка кој/а ќе го изработи визуелниот идентитет за четиринаесеттото издание на Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО.
Програмата на ПРВО ПА ЖЕНСКО #14 ја развиваме во тематската рамка:
МАЈЧИНСТВО
Ова издание на фестивалот ќе отвори простор за многуте можни интерпретации на мајчинството надвор од доминантните идеализирачки и романтизирачки наративи, ставајќи ги во фокус политичката и општествена позиција на оваа претпоставена улога на жените – нивните тела, етиката на грижа, неплатениот труд, емотивната експлоатација, репродуктивното и менталното здравје, но и издржливоста, одржливоста, отпорот и различните полиња на солидарна борба.
ПРВО ПА ЖЕНСКО #14 ќе биде посветено на мајкувањето, кое не само што ја надминува биолошката улога на жените, туку и ја осветлува нивната клучна улога во борбата за спас на светот од општествен и еколошки колапс.
ГРАФИЧКИОТ/АТА ДИЗАЈНЕР/КА НА ППЖ#14 ЌЕ БИДЕ АВТОР/КА НА:
🟣 Визуелен идентитет што ги рефлектира вредностите на Тиииит! Инк. и тематската рамка МАЈЧИНСТВО
🟣 Постер за четиринаесеттото издание на фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКО
🟣 Адаптација на дизајнот за поединечните настани од програмата на ППЖ#14 (онлајн и офлајн материјали)
ШТО ОЧЕКУВАМЕ?
🟣 Напредни познавања на феминизмот и родовите прашања феминистички теми и критички однос кон општествени прашања
🟣 Подготвеност за работа со комплексна и повеќеслојна тематска рамка
🟣 Познавање на ставовите и визијата на Тиииит! Инк. и фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКО
🟣 Претходно искуство со слични ангажмани и организации е пожелно, но не и задолжително
ВРЕМЕНСКА РАМКА
Ангажманот започнува со потпишување на договорот со избраниот/ната дизајнер/ка (најдоцна во април) и трае до завршувањето на фестивалското издание ПРВО ПА ЖЕНСКО #14 во текот на 2026 година.
ФИНАНСИИ
Надоместокот за ангажманот ќе биде дополнително договорен со избраниот/ната кандидат/ка.
КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ?
Заинтересираните дизајнери/ки треба да пополнат Google формулар и да ги достават следните материјали:
🟣 Кратка биографија
🟣 Портфолио со претходни работи
🟣 По избор, предлог дизајн инспириран од тематската рамка. Апликациите со и без предлог ќе се разгледуваат еднакво.
Избраните кандидати/ки ќе бидат поканети на интервју, каде ќе се дискутира можната соработка. Оние кои нема да бидат избрани, Тиииит! Инк. ќе ги има предвид за идни ангажмани.
КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 27 февруари 2026
За повеќе информации, контактирајте нè на: 📩 tiiiit.inc@gmail.com