ОТВОРЕН ПОВИК | Работилница за женски кооперативи: Ткаење солидарност – од раце до срце со STEALTH.unlimited

Работилница за женски кооперативи: Ткаење солидарност – од раце до срце со STEALTH.unlimited
Eventcover1920x1005px

📅 од 7 до 9 мај 2026
📍 Кино во Железничката зграда, Скопје

Оваа работилница се реализира како дел од соработката помеѓу програмата ПРВО ПА ЖЕНСКО #14 и City as a Stage: Urban Utopias, во рамките на пошироката иницијатива за истражување женски кооперативни модели како одговор на современите општествени и урбани предизвици, како и изнаоѓање одржливи решенија за опстојување на жените жртви на родово-базирано насилство.

Во време кога нашите заедници се сè повеќе обликувани од кризи – економски, климатски, социјални – се појавува потребата да размислуваме поинаку за здружувањето, просторот и начините на живеење.

Програмата City as a Stage: Urban Utopias се фокусира на локални актери – активисти, уметници, жители – и нивните локални практики на солидарност, самоорганизација и заедничко градење простори и заедници. Во дијалог со ова, #ППЖ ја отвора темата на женското кооперативно здружување, грижа и дејствување како политичка и секојдневна практика.

✴️ ПОВЕЌЕ ЗА ПРОГРАМАТА **********

Замисли да се сретнеме повторно за 7 години – во 2033.
Светот е поинаков. И ние сме поинакви.

Во оваа „иднина“, дел од нас се оттурнати од пазарот, заменети или маргинализирани, но истовремено станале помалку зависни од системите што не ги поддржуваат.

Навраќајќи се во мај 2026, се собираме во едно старо кино во Скопје – не како експерти, туку како луѓе што се обидуваат да останат со проблемите, и едни со други. Помеѓу чувството на распад и потреба за опстанок, започнуваме да замислуваме и да тестираме други начини на живеење.

Една од тие можности: Женска кооператива – простор за заедничко живеење, работа и грижа, кој поврзува различни генерации, искуства и форми на знаење.

* Програмата ќе се одвива на англиски јазик по 15 часот * Учеството е бесплатно *
*** Краен рок за пријавување: 5 мај на следниот ЛИНК. 

🔍 ШТО ЌЕ ПРАВИМЕ **********

Во текот на тридневната работилница ќе работиме заедно со STEALTH.unlimited на:

* развивање сценарија за кооперативни иднини
* мапирање постојни практики (живеење, енергија, заедници, финансирање)
* истражување на локалниот контекст на Скопје
* замислување екосистем на кооперативи и заедници што можат реално да функционираат.

Работилницата ќе заврши со јавна презентација на работата на работилницата на 9 мај, како дел од отворена програма.

👥 КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ **********

* жени и иницијативи водени од жени
* поединки со интерес за кооперативни модели и заедништво
* постојни кооперативи или групи во развој
* истражувачи во полето на овие теми
* лица што работат на терен со вакви форми на здружувања

Ова не е само работилница.
Ова е обид да се тестираат можни форми на заедништво – тука и сега.

********

Програмата е поддржана во рамките на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт фонд, Шведска, Kvinna till Kvinna и Global Fund for Women.

Содржината/изразените мислења во овој текст никогаш не можат да се толкуваат како ставови на донаторите.

tiiiitinc_logo_outline
EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4