Клелија Живковиќ: „Уште еден чекор, и оживуваме“ | Artist talk во соработка со Душица Лазова

Клелија Живковиќ: „Уште еден чекор, и оживуваме“ | Artist talk во соработка со Душица Лазова
684963153 1565551292242109 5712521009345585467 n (1)

На 7 мај, пред отворањето на изложбата „Уште еден чекор, и оживуваме“, уметницата Клелија Живковиќ и Душица Лазова ќе разговараат за:
Што оживува кога ќе го демистифицираме уметничкиот процес? Што ако ѕирнеме позади примамливата завеса, во неуредноста на истражувачките белешки, ќор сокаците на (не)успешните проектни апликации, роковите на траење диктирани од проектниот тајмлајн и кревкоста на надежите и соништата на уметницата за подобар, погрижлив свет расфрлани низ дневнички записи? Дисецирајќи го веќе деконструираниот „уметнички пат“, во овој пријателски разговор ќе позборуваме за афективниот и материјален труд што оди во креирањето – на дело, свет, релации – и одржувањето на тоа нешто да циркулира отаде очекуваната завршница, живо и пргаво продолжувајќи да се трансформира во допир со другите.

📅 7 мај (четврток) | ⏰ 18:00 | 📍 Студио Приватен принт, Скопје
** Пријавете го вашето учество на овој ЛИНК. 

** Разговорот ќе се одвива на македонски јазик **

***********

Клелија Живковиќ (р. 1989) е трансдисциплинарна уметница од Скопје. Со формално образование во повеќе дизајнерски дисциплини, нејзината практика се поставува како теоретски, материјален и искуствен увид во границите; физичките, психолошките, емоционалните и спиритуалните бариери преку кои се разбираме себеси како суштества што заземаат простор и воспоставуваат врски со своето опкружување.
Изданието на „Светло минато е пред нас“ во 2026, е кофинансирано од Министерството за култура и туризам на Северна Македонија и Амбасадата на Шпанија во Скопје.

Душица Лазова се занимава со истражување, пишување, уредување и преведување во полето на феминистичката и квир теорија и културно-уметничка пракса и дигиталната хуманистика. Соуредничка е на феминистичката платформа Медуза и истражувачка во „Реактор – истражување во акција”. Дипломирала на Катедрата за англиски јазик и книжевност во Скопје, а магистрирала на програмата Род и медиуми на Универзитетот Сасекс во Англија. Во 2025 започнува да ја курира QUEER програмата на фестивалот „Прво па женско”. Таа е дел од квир дуото „Бучкуруж”, неформална локална платформа за културно-уметничко изразување со фокус на лезбејските*, транс*, небинарни и родово флуидни искуства.

***********

Оваа изложба е дел од изложбената програма „Светло минато е пред нас“ курирана од Илија Прокопиев и Марија Христова (PrivatePrint), првично создадена и поставена во галеријата „Шкуц“ во Љубљана во јуни 2025 година. Во 2026 година, се сели во PrivatePrint Studio како дисперзирана програма од пет мали самостојни изложби во текот на целата година.

***

Програмата Artist talk е поддржана од Kvinna till Kvinna и Амбасадата на Шведска во Скопје.

tiiiitinc_logo_outline
EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4