STEALTH.unlimited е меѓународно активна просторна практика основана во 2000 година од Ana Džokić и Marc Neelen, со седишта во Белград и Ротердам. Нивната работа се наоѓа на пресекот помеѓу фикцијата за иднината, просторните интервенции и политиките на можноста. Првично, тие се фокусираа на истражување и мапирање на „стелт“ урбани процеси, кои се одвиваат под радарот на урбанистичкото планирање. Наскоро се вклучија во меѓународни кураторски ангажмани што ја истражуваат и ја прават видлива колективната способност на граѓаните да се спротивстават на неолибералното оградување и финансализацијата на просторот. Во последните 15 години, тие ко-иницираа низа заеднички организации и кооперативи во Белград, Ротердам и низ Централна и Југоисточна Европа, со цел да создадат алтернативи на тековните неодржливи услови за домување, да овозможат граѓанско производство на енергија и кооперативно финансирање. Нивната книга „Upscaling, Training, Commoning“ (Jovis Publishers) нуди живописен приказ за тоа што значи да се работи со навестувањата на еден свет што станува замислив во пукнатините на нашите финансиски и планетарни кризи.