Event cover 1920x1005px 9 ti maj

инфо

Година 2026
Дата/Време сабота 09.05 11:00
Место Кино во Железничката зграда
Земји учесници Србоја | MK | МК

учесници

STEALTH.unlimited

STEALTH.unlimited е меѓународно активна просторна практика основана во 2000 година од Ana Džokić и Marc Neelen, со седишта во Белград…

ПОВЕЌЕ

Летечки Пекинезери

„Летечки Пекинезери“ се свинг состав што ја спојува традицијата на свингот со современ урбан сензибилитет, градејќи звук кој е истовремено…

ПОВЕЌЕ

DJ Disco Ninja

Disco Ninja е DJ што ја движи музиката надвор од жанровски граници, водена од едноставна, но јасна идеја – љубовта…

ПОВЕЌЕ

Ана Џокиќ

Ана Џокиќ е архитектка и дел од меѓународно признатото дуо STEALTH.unlimited (Белград/Ротердам). Нивното поле на дејствување ги поврзува замислувањето на…

ПОВЕЌЕ

A
Р

Т

И

С

Т

И

синопсис

„What Kind of [Cooperative] City?“

На 9 мај (сабота), од 11:00 до 16:00 часот, во дворот на Железничката зграда (ул. Борка Талевски 26), ќе се одржи јавниот настан „What Kind of [Cooperative] City?“, кој обединува уметничка интервенција во јавен простор, едукативна програма, музички настапи и перформативно готвење. Настанот се реализира како соработка помеѓу фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО #14 и проектот „Градот како сцена: Урбани утопии“ (City as a Stage: Urban Utopias).

Настанот има за цел да отвори простор за критичко преиспитување и колективно замислување на градот како заедничко добро, преку кооперативни модели, солидарни практики и одржливи урбани визии, како дел од поширока иницијатива за истражување женски кооперативни модели и нивниот потенцијал како одговор на современите општествени и урбани предизвици и е дел од будењето на киното во Железничката зграда, а со него се отвора и фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКО #14.

Програмата започнува со презентација на резултатите од работилницата „Glimpses of a Cooperative Future for a World in Distress“, реализирана од Ана Џокиќ и Марк Нилен (STEALTH.unlimited), како дел од тридневен процес на заедничко истражување, мапирање и замислување кооперативни модели на живеење, работа и грижа. Во рамки на овој сегмент ќе се одржат воведни обраќања, презентација на заклучоците од работилницата и отворена дискусија со публиката.

Целосната програма на настанот вклучува:

– музички настап на Летечки Пекинезери

– DJ сет на Disco Ninja

– детска креативна работилница „Creative Play“ (концепт: Доротеј Нешовски), која преку заедничка игра на деца и родители поттикнува размислување за јавниот простор и иднината на градот

– перформативен настан „We Lunch in Solidarity“, кој ги поврзува готвењето, заедништвото и јавниот простор

– презентација на занаетчиско пиво од БАК Пивара

Настанот е дел од програмската линија RE-USE #3 – сценографски интервенции во јавен простор како алатка за градење еколошки иднини (урбани утопии), во рамки на проектот „Градот како сцена: урбани утопии“, кој се реализира во периодот мај – ноември 2026 година, во рамки на Лабораторијата за перформативни просторни практики.

Проектот се реализира во соработка помеѓу повеќе локални и меѓународни партнери, меѓу кои: Гете-институт Скопје, Архитектонски факултет – УКИМ, ZK/U – Центар за уметност и урбанизам (Берлин), Floating University (Берлин) и Тиииит! Инк. (Скопје), како и со учество на низа уметници и колективи од регионот и Европа.

Активноста е поддржана од Гете-институт Скопје, имплементирана од Heartefact Fund во рамки на швајцарската програма Culture for Development, како и од Kvinna till Kvinna и Амбасадата на Шведска.

Назад кон фестивалот

EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4