инфо

Година 2026
Дата/Време среда 20.05 20:00
Место Лабораториум
Земји учесници МК

учесници

Маја Атанасова

Маја Атанасова е правничка и експертка за човекови права. Во својата работа се занимава со правна анализа, застапување и развој…

ПОВЕЌЕ

Душица Лазова

Душица Лазова се занимава со пишување, уредување и превод во областа на родовите студии, квир теоријата и култура и дигиталните…

ПОВЕЌЕ

A
Р

Т

И

С

Т

И

синопсис

Дискусија: Семејство, но поинаку: Кои се можностите за правно препознавање на истополовото партнерство?

На проекцијата ќе ѝ претходи разговор што ќе се обиде да ја локализира филмската приказна, отворајќи прашања за можно правно препознавање и уредување на истополовите релации во земјава и отпочнување на семејство. Низ разговор со Душица Лазова, правничката и експертка за човекови права Маја Атанасова ќе ги разгледа постоечките пракси во регионот и пошироко – како на пример, усвојувањето на животните партнерства во Црна Гора во 2020 – за да ги именуваме и идентификуваме тукашните потреби, начини и можности за истополово партнерство.

Маја Атанасова е правничка и експертка за човекови права. Во својата работа се занимава со правна анализа, застапување и развој на политики поврзани со заштита на ранливи групи, со особен фокус на родово-базирано насилство, ЛГБТИ права и човекови права во контекст на општествени и политички промени.

Душица Лазова се занимава со истражување, пишување, уредување и преведување во полето на родовите и квир студии и културно-уметнички пракси и дигиталната хуманистика. Соуредничка е на феминистичката платформа @meduzaplatform и истражувачка во @reactormkd. Душица е една од основачките на дуото @butchkuruzh.

Назад кон фестивалот

EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4