
Режија: Алис Дуард
Продукција: Апсара Филмс, Лес Филмс де Жун
Главни улоги: Ела Румпф, Монија Шокри, Ноеми Лвовски
Селин го очекува своето прво дете. За три месеци, нејзината сопруга Надија ќе ја роди нивната ќерка. Соочена со очекувањата на семејството, пријателите и законот, Селин се бори да го пронајде своето место и да ја потврди својата улога и легитимност како родител и сопатник.
АЛИС ДУАР || Алис Дуар студира на Ла Фемис на отсекот за режија. Нејзиниот дипломски филм „Екстрасистол“ е селектиран на бројни фестивали. Потоа режира уште два кратки филма, „Девојките“ и „Плен Вест“, и истовремено работи како скриптерка. Во 2022 година ја основа продукциската куќа Лес Филмс де Жун заедно со Мари Боитар, и го режира филмот „Очекување“, кој во 2024 година ја добива наградата Сезар за најдобар краток игран филм. Истата година го режира и копродуцира својот прв долгометражен филм „Доказ за љубов“.