Лабораторија за курирање

Слајд 1 кавер

Лабораторијата е пилот програма со која сакаме за нашата заедница – локалната независна културна сцена, да овозможиме нови прилики за учење, размена на знаење, а подоцна и за практикување на различни кураторски пракси. Таа е резултат на претходно воспоставена соработка со менторските организации кои носат повеќегодишно, мултидисплинарно искуство во областа на кураторството, издаваштвото и неформалното образование. 

Заедно ќе размислуваме за тоа како да се обмислуваат и развиваат концепти и/или пристапи кон курирањето. Со ментор(к)ите ќе: 

– истражуваме како се формираат кураторски идеи и како истите да ги преведеме во пракса; 

– ги промислуваме потребите, границите и специфичностите на работата во полето на културата: Што значи да се работи во областа на културата? Што е неопходно за да се воспостави искрен соработнички процес? 

– размислуваме за издаваштвото како соработка. Модулот е изграден на премисата дека издаваштвото дава платформа за подобра видливост на новите практики, особено во општествата на кои им недостасува културна инфраструктура. 

 Ментор(к)и: 

– PrivatePrint (Илија Прокопиев и Марија Христова), 

– SCCA (Тиа Чичек, Лара Плавчак и Уршка Аплинц) и 

– WHW/NOVAci (Леа Вене и Ана Ковачиќ). 

Програмата ќе се реализира ќе се реализира од 30 јуни до 7 јули во комплексот на манастирот Св. Јоаким Осоговски.

Иницијаторка и координаторка на лабораторијата: Јана Старделова

Координаторка на продукција: Тамара Ристоска

Асистент на продукција: Дениз Ајдаревиќ

Волонтерки: Анастасија Митровска и Вера Тошева

Лабораторијата за курирање се реализира со поддршка од Шведска, Kvinna till Kvinna и проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Хартефакт фондот.

tiiiitinc_logo_outline
EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4