Од 30 јуни до 7 јули, во Св. Јоаким Осоговски, паралелно се одржаа третото издание на
Школата за феминистичко драматуршко размислување
во рамки на Платформата за изведувачки уметности Испробување феминистички иднини 5.0 #ИФИ и започна пилот програмата
Лабораторија за курирање
.
Двете програми создадоа заеднички простор за учење, критичко промислување, експериментирање и нови соработки меѓу уметници, куратор(к)и, истражувач(к)и и културни работници/ки.
Овие седум дена, учесничките и учесниците работеа со Билјана Радиноска Biljana Radinoska , Теа Хвала Hvala Tea и Стелан Велоче Stellan Veloce во рамки на Школата за феминистичко драматуршко размислување, како и со Тиа Чичек и Лара Плавчак (SCCA – World of Art School), Леа Вене и Ана Ковачиќ (WHW/NOVAci), Марија Христова и Илија Прокопиев 𝐏𝐫𝐢𝐯𝐚𝐭𝐞𝐏𝐫𝐢𝐧𝐭 (PrivatePrint) во рамки на Лабораторијата за курирање.
Преку работилници, предавања, практични вежби, колективни дискусии, прошетки низ Осоговските Планини и средби со локалната заедница, двете програми создадоа простор за размена на знаење, критичко промислување, експериментирање и градење нови професионални и пријателски врски. ![]()
Ви благодариме на сите учеснички, учесници, ментор(к)и и соработници што беа дел од ова заедничко искуство!
Се гледаме повторно на следното издание. ![]()















———
Школата за феминистичко драматуршко размислување ја курираше Кристина Леловац, а Лабораторијата за курирање ја иницираше и координираше Јана Старделова. Продукциска координаторка беше Тамара Ристоска, а продукциски асистент Дениз Ајдаревиќ.
——-