Енар де Диос Родригез „Над сè“ | Уметнички разговор со Софија Григоријаду

Енар де Диос Родригез „Над сè“ | Уметнички разговор со Софија Григоријаду
Google forms (1920 x 1080 px)

📍 Студио PrivatePrint | 28 август

20:00 | Официјално отворање
20:15 | Уметнички разговор: Софија Григоријаду разговара со Енар де Диос Родригез (на англиски јазик; влезот е слободен)
Пријавете се тука: https://forms.gle/Rmc5qpVfxNGZSjNQ8
21:15 | Слободна посета на изложбата

Разговорот меѓу уметницата Енар де Диос Родригез и кураторката Софија Григоријаду нуди увид во нивните практики. Движејќи се меѓу слики и дијалог, тие ќе навлезат во идеите, интересите и процесите што ја обликуваат нивната работа, како и во пошироките контексти во кои таа се развива.

Разговорот ќе биде отворен и партиципативен: сликите што ќе ги донесе публиката ќе послужат како појдовни точки за понатамошна дискусија, отворајќи простор за прашања, асоцијации и различни перспективи. Наместо однапред утврдена презентација, разговорот има цел да создаде заеднички простор за гледање и размислување.

Енар де Диос Родригез е визуелна уметница од Шпанија, која живее и работи во Виена, Австрија. Нејзината практика ги истражува пресеците на економските, социополитичките, историските и еколошките сили. Работејќи со видео, фотографија и инсталација, таа ги истражува начините на кои териториите се создаваат, контролираат и трансформираат, насочувајќи го вниманието кон инфраструктурите и технологиите што го обликуваат современиот живот. Во 2024 година, заедно со Андреа Стивс, таа е коавторка на книгата „Let It Return“, објавена од PrivatePrint.

Софија Григоријаду (1983) е уметница, антрополошка, кураторка и едукаторка која живее во Атина и Скопје. Таа е докторка по социјална антропологија на Универзитетот „Пантеон“ во Атина, а има завршено додипломски и магистерски студии на Атинската школа за ликовни уметности, како и додипломски студии на Филозофскиот факултет при Националниот и Каподистриски универзитет во Атина. Таа е коосновачка на TWIXTlab, лабораторија што ги поврзува современата уметност, општествените науки и секојдневниот живот во Атина, како и на Akoo-o, интердисциплинарна група посветена на одењето, звукот и технолошкото посредување. Во 2024 и 2025 година ја курираше филмската програма во Музејот на современата уметност во Скопје. Во 2024 година беше дел од кураторскиот тим на МСУ – Скопје и коуредничка на списанието „The Large Glass“. Работи како надворешна предавачка по антропологија, визуелна култура и музеологија на Катедрата за култура, креативни медиуми и индустрии при Универзитетот во Тесалија, Грција.

Програмата на уметнички разговори е курирана од Јана Старделова и организирана во соработка со Тиииит! Инк., со поддршка од Kvinna till Kvinna и Амбасадата на Шведска во Скопје.

tiiiitinc_logo_outline
EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4