Благица Петрова повеќе од 10 години професионално се занимава со финансии и финансиска аналитика во граѓанскиот сектор. Присутна е и во бизнис секторот како социјална претприемачка, спојувајќи ги економската одржливост и општествената промена. Активистка е за ЛГБТИ+ правата. Една од основачките на квир уметничкото дуо Бучкуруж преку кое од сосема неодамна го откри перформансот како најблиска форма на креативен израз.