🖐️ { ПО РАЦЕТЕ } изложба на аналогни фотографии на @dykehand | #QUEER програма на #ППЖ14 |
🗓️ 6 ноември, 20:00 ч, @ljubov.bar | 🎫 слободен влез
„Овој мал проект се јави од желбата да ја истражувам и документирам разновидноста во естетската убавина на лезбејските раце. Ме фасцинира тоа што меѓу нас, рацете можат да бидат и уметничко дело и предмет на желба. Страста кон рацете е нешто што лезбејките добро го препознаваат една кај друга – привлечност која го содржи и одолговлекува копнежот по допир, особено кога интимноста не може јавно да се изрази. Но и тогаш, меѓусебно се препознаваме – по рацете.“ – извадок од авторскиот коментар на @dykehand
„Со „ПО РАЦЕТЕ” , niche проектот @dykehand од дигиталниот простор се пробива во физичкиот, и тоа со буквално аналогна интервенција. Овие филм-фотографии на прв поглед го затскриваат субјектот и ја продолжуваат мистеријата со презентација на нечии непознати раце и дланки. А сепак, името ни кажува дека ова не се само нечии раце, ова се лезбејски раце што ни го заробуваат погледот и нè тераат да се задлабочиме во прашањето што, всушност, ги прави едни раце лезбејски? – за на крајот да ни открие дека таквата поделба не постои. Рацете се лезбејски само во погледот на оние што знаат како да ги препознаат; погледот што го наговестува, заменува или одложува допирот.“ – извадок од кураторскиот осврт на @butchkuruzh кон изложбата
дизајн на постер: @kornelija.dzajkoska