Filmska programa love me tender 01 (1)

инфо

Година 2026
Дата/Време сабота 07.11 17:00
Место Лабораториум
Земји учесници

учесници

A
Р

Т

И

С

Т

И

синопсис

QUEER + Филмска програма | Love Me Tender

„LOVE ME TENDER” – проекција на филм + дискусија | 🗓️ 7 ноември, 17:30 ч, @laboratorium (главна сала) | 🎫 слободен влез | #QUEER и филмска програма на #ППЖ14

Филмот ја следи Клеменс, поранешна адвокатка и новоетаблирана писателка. Нејзиниот живот се превртува наопаку откако му открива на поранешниот сопруг дека има љубовни врски со жени, а тој поднесува барање да ѝ го одземе старателството над синот. Така започнува повеќегодишната борба на Клеменс да го одбрани своето право да биде мајка и жена – слободна самостојно да одлучува за сопствениот живот.

„Love Me Tender“ (2025), базиран на истоимениот автофикциски роман на француската писателка Констанс Дебре од 2020, е филм на фотографката и режисерка Ана Казнав Камбе. Нејзиниот прв долгометражен филм „Злато за кучињата“ (De l’Or pour les Chiens) беше прикажан во француските кина во јуни 2021 година, откако во 2020 година беше избран за програмата „Недела на критиката“ на Канскиот филмски фестивал. Работела и како косценаристка на филмови на повеќе режисери. „Љуби ме нежно“, пак, веќе освои неколку награди и фестивалски почести.

#ППЖ14 е поддржан во рамките на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд.
Фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКО #14 е финансиран од Шведска, Kvinna till Kvinna, Equality Fund и Global Fund for Women.

Назад кон фестивалот

EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4