Лазарус е локален дрег крал и борец за уметничко ослободување, кој самото свое постоење го доживува како панк – без разлика дали е на сцена или не. Со неговиот дрег сака да покаже дека здравата машкост може да постои во безброј облици. Класично образуван музичар со долгогодишно искуство на сцена, како дрег крал Лазарус настапувал на Skopje Pride и Skopje Pride Weekend, на феминистичките фестивали „Прво па женско” во Скопје и ФЕСТ во Подгорица, на Факултетот за Ликовна уметност и во локални барови.
Заедно со Лео Поповиќ ака Падре Долоросо, го основаа колективот DragKingsMK, создавајќи простор каде телото станува сцена, а родот материјал за игра.