ТАЊА МАТИЈАШЕВИЌ @ladytomat0 е мултидисциплинарна уметница, изведувачка, театарџика и активистка. Театарското патување го започнува во уличниот театар и куклената уметност, а својата изведувачка пракса потоа продолжува да ја развива низ импровизација, физички театар и clowning. Соработувала со низа уметнички колективи и организации, меѓу кои ZIZ, Emanat, IMPRO Zavod Tri, IGLU и KUD Ljud, Kobietostan, KUD Narobov и други.
Тања е една од движечките сили зад Dragi Drago, првиот колектив на дрег кралеви во Словенија, и член на импровизацискиот колектив Sile na klancu. Таа е продуцентка и уметничка директорка на Lezbična četrt, фестивал посветен на создавање простор за лезбејска уметност, култура, заедница и политички прашања. Член е на колективот Goli oder, којшто го организира меѓународниот фестивал на импровизациски театар во Љубљана.
Покрај театарот и перформансот, Тања работи и како поетеса, писателка, гласовна изведувачка и педагог. Нејзината уметничка и едукативна пракса ги истражува пресеците меѓу телото, гласот, јазикот и перформативноста.