Дина Јашари е млада музичаркa – изведувачка, текстописец и продуцентка. Извонредниот пристап кон пишувањето песни, прекрасните сонливи аранжмани, емотивни текстови, современа, модерна и свежа продукција и секако, хипнотизирачките настапи во живо со полно право ја ставаат Дина на пиедесталот на новата локална музичка сцена. Нејзина главна цел е да создава и изведува нова, свежа македонска музика.
Зад себе има повеќе синглови, едно EP издание насловено ,,Дома” и музичката соработка ,,Убав ден” со Дуке Бојаџиев. Во 2022 година, во Белград ја доби наградата Милан Младеновиќ за песната Дома. Во 2020та се формира бендот ,,Другари”, со кој заедно настапува последниве неколку години. Во 2023 година, имаше неколку успешни турнеи низ балканот и во неколку Европски земји. Од МЕНТ фестивал (Љубљана, Словенија), EXIT фестивал (Нови Сад, Србија), WIANKI (Краков, Полска)…
Во моментов на сцена ја придружуваат Лука Тошев (гитара) и Драган Теодосиев (тапани).