Марија Христова (р. 1985, Скопје, Северна Македонија) е уредничка и културна работничка, со-основачка на PrivatePrint, независно издавачко и кураторско студио од Скопје. Дипломира на катедрата за Италијански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, во Скопје, во 2009 година, а во 2013 магистрира на Интердисциплинарните културолошки студии на Институтот за македонска литература во Скопје. Нејзиното работно искуство во рамките на PrivatePrint или во надворешни соработки, подразбира уредничка и авторска работа во разновидни издавачки, уметнички и интердисциплинарни проекти и секојдневно вклучува аспекти од културен менаџмент и организација до замисла и авторство. Таа силно верува дека соработничкиот и интердисциплинарниот пристап во креативната практика се основа за општествено ангажирана работа што се стреми да поттикне промена и релевантност.