Јован Близнаковски е политиколог кој работи на политичката мобилизација во земјите од Југоисточна Европа, интересирајќи се, на пример, зошто гласач(к)ите и партиите почесто се солидаризираат во клиентелистички трансакции наместо во унапредување на општото добро. Има докторска диплома по политички науки од Универзитетот во Милано и магистерска од Универзитетот во Љубљана, а моментално работи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Член е на Тиииит! Инк. од нејзиното основање и верува дека женската борба е потребна во секое поместување кон праведно општество на слободни и исполнети луѓе.