Дарко Леитнер Стојанов е историчар во Меѓународниот истражувачки центар за културолошки науки во Виена (IFK – Internationales Forschungszentrum Kulturwissenschaften). Освен со историја на миграции, се бави и со превод на историографски и други дела од општествените науки од француски на македонски јазик. Меѓу другото, неговиот последен превод, заедно со Петар Тодоров, е книгата “Безбедност, територија, население” од Мишел Фуко.