Младински културен центар е основан во 1972 година под името „Дом на млади – 25 Мај“.

Основната задача и цел на МКЦ е промоција на културата, културните и научните вредности на младите.

Со богата програма, опфат на сите културни изрази (музика, филм, театар, литература…), научна дејност, работилници и предавања, дебати и дебатни клубови, МКЦ од самиот почеток зазема стратешки битна позиција во животот на младите во градот Скопје, но и во целата република.

Преименуван во Младински културен центар на почетокот на 90-тите, со добивањето на самостојност на Република Македонија, Домот останува на истиот курс – промоција и презентација на културните вредности, но истовремено и најважната точка за дружење, размена на идеи, место за слободно изразување на младите.

Единствената цел на МКЦ е да продуцира, стимулира и промовира современи културни настани и дела од различни домашни и меѓународни креатори, но и да го поттикне создавањето врски помеѓу нив. Покрај сопствената годишна програма, која вклучува повеќе од 200 настани (изложби, театарски претстави, промоции, работилници, концерти, дебати, како и филмски проекции), МКЦ работи и како сервис на многубројни невладини организации и индивидуални уметници од сферата. Покрај засебните настани, МКЦ стои зад организацијата, планирањето и комплетната реализација на четири меѓународни фестивали и манифестации – Меѓународниот театарски фестивал МОТ, Фестивалот на европски филм CINEDAYS, Фестивалот на нова музика ЗДРАВО МЛАДИ како и манифестацијата БЕЛА НОЌ.

Денес ЈУ МКЦ Скопје е установа од културата под јурисдикција на Град Скопје и голем дел од програмите се реализираат преку средствата од буџетот на Град Скопје, Министерството за култура на РМ, но голем дел од своите програмски активности установата ги реализира и преку сопствени средства, приватни спонзорства, донации, како и средства од разни европски фондови.

EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4