9QxVoY0lSe1ycQmZiQZh

инфо

Година 2015
Дата/Време петок 06.03 18:00
Место Кино Фросина
Земји учесници

учесници

A
Р

Т

И

С

Т

И

синопсис

Филмска Програма

КИНО ФРОСИНА, Филмски проекции во соработка со фестивалот PRAVO LJUDSKI (БиХ) Оваа година ја продолжуваме соработката со Pravo ljudski – фестивал кој промовира социјално ангажирана уметност, филм, неформална едукација и меѓукултурен дијалог. Со помош на филмот како медиум, фестивалот се стреми да ја разбуди свеста на јавноста, отворајќи простор за дискусија на актуелните општествени и социјални прашања. Заедно ви нудиме можност да погледнете одлични општествено ангажирани филмови.

 

“Сакаме и рози” (Vogliamo anche le rose) 84 мин. Документарниот филм Сакаме и рози (2007) на италијанската режисерка Алина Мараци се занимава со почетоците на феминистичкото движење во Италија преку животните приказни на три жени на различна возраст и од различни социјални средини. Нарацијата се одвива преку читања одломки од нивните дневници и преку куси инсерти и интервјуа за протестите од тоа време и дебатите околу абортусот, односите меѓу мажот и жената, работата на жената и нејзината сексуалност. Филмот, кој е всушност колаж од снимки од повеќе италијански архиви и од автентични снимки на протагонистките, сведочи за раѓањето на една нова свест и едно ново општество во 70тите год. во Италија. Режија: Алина Мараци (Alina Marazzi) Држави: Италија и Швајцарија Премиера: 2007 Превод на македонски од италијански: Студентска преведувачка работилница (февруари, 2015)

 

АNА (Јас сум јас) Филм на Корин ван Егерат и Питер Лом / 2013 год. / 75’ Четири млади девојки од Египет ги покажуваат своите сопствени светови на кинематографско поетичен, интимен и храбар начин, барајќи го својот идентитет и креативен глас после Арабската пролет.

Назад кон фестивалот

EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4