UCz3eoGNhQ1kOnn6Ry4F

инфо

Година 2018
Дата/Време сабота 05.05 20:00
Место Кино Фросина
Земји учесници Белгија

учесници

Софи Бруне

Софи Бруне е антропологиња, режи-серка на документарни филмови и истра-жувачка на Институтот за социологијапри Универзитетот Либре во Белгија. До-битничка е…

ПОВЕЌЕ

A
Р

Т

И

С

Т

И

синопсис

Сонување во капитализам

Филмска програма: проекција на “Сонување во капитализам”, Софи Бруне Белгија / 2017 / 63’ селекција на филм Кумјана Новакова 20.00 · Кино Фросина

Фестивали: 40ème Festival Cinéma du Réel – Paris- France, Festival Millenium 2018 – Brussels – Belgium, 15th Crossing Europe Film Festival Linz 2018

Дванаесет луѓе се навраќаат на своите соништа поврзани со работата и се обидуваат да го толкуваат нивното значење. Овие измачени души на поетски и политички начин го опишуваат своето лично страдање на работното место. Сонувачите и нивните соништа полека го разоткриваат светот во кој доминира неолибералниот капитализам. Филмот е копродукција на Аlter ego films, Michigan Films, RTBF, ARTE G.E.I.E, CBA, Fresnoy, со поддршка од Centre du cinéma et de l’audiovisuel de la Fédération Wallonie- Bruxelles, VAF и the Scam. Софи Бруне е антропологиња, режисерка на документарни филмови и истражувачка на Институтот за социологија при Универзитетот Либре во Белгија. Добитничка е на бројни награди, меѓу кои и наградата за најдобар документарен филм на Меѓународниот фестивал на документарен филм во Билбао.

Кумјана Новакова работи во областа на креативниот документарен филм и аудиовизуелни уметности од 2006 година. Развива проекти кои ја обединуваат филмската и современа уметност, главно истражувајќи ја интеракцијата меѓу идентитетите, спомените и колективното јас. Таа е коосновач на Филмскиот фестивал Право Људски во Сараево, Босна и Херцеговина.

По проекцијата следува дискусија.

Назад кон фестивалот

EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4