YQpLUSoBm9aSDbIOu0gf

инфо

Година 2018
Дата/Време петок 04.05 19:00
Место Кино Култура
Земји учесници Македонија | GE

учесници

Бојана Кунст

Philosopher and Contemporary Art Theorist Bojana Kunst is a full professor at the Institute for Applied Theatre Studies / ATW – Institut für…

ПОВЕЌЕ

Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата

Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата е граѓанска организација и активен учесник во градењето и развојот на…

ПОВЕЌЕ

A
Р

Т

И

С

Т

И

синопсис

Предавање | Уметничките институции и еднаквоста во собирите, Бојана Кунст

 

Во своето предавање, Кунст ќе се фокусира на нападите врз уметничките институции, претстави, изведувачки фестивали и други уметнички настани, поврзани со порастот на популизмот и национализмот во Европа. Тие се поврзани и со серијата мерки на штедење и буџетски кратења за независниот културен сектор, кои одат во линија со прилагодувањето кон хиерархиското и популистичкото разбирање на уметноста, со што се засенуваат и осиромашуваат многу уметници, и уште повеќе се маргинализира нивната веќе несигурна позиција. Целта е сосема да се намали инфраструктурната

поддршка која е потребна не само за опстанокот на практиките, туку и за континуитетот на автономниот политички и естетски израз.
Бојана Кунст е филозоф, драматург и теоретичарка за изведбени уметности. Работи како професорка и директорка на Институтот за применети театарски
студии на Универзитетот „Јустус Либиг Гисен”, Германија. Членка е на уредничкиот одбор на списанието “Мaska”, “Amfiteatr” и “Performance research”. Нејзина последна
книга “Artist at Work, Proximity of Art and Capitalism” е во издание на Zero Books, Винчестер, Лондон (2015).
Предавањето се реализира во рамки на програмата Уметност, Политика Институција, Тело на ЛОКОМОТИВА, чија основна цел е отварање нови можност
заа млади професионалци за критичка рефлексија и компаративна анализа на современите уметности, и согледување на уметничите пракси и културните
дејности преку призма на современиот контекст.

Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата е граѓанска организација и активен учесник во градењето и развојот на демократскиот социо-културен простор во Македонија и во регионот. Преку нејзините активности, Локомотива има за цел да овозможи подобар пристап на граѓаните до уметничките и културни настани
и проекти и да влијае на развојот и поддршката на современа уметност и култура, како поттик во развојот на демократското општество. Како ко-основач и
партнер на проектот простор Кино Култура (заедно со Театар на Навигаторот Цветко), Локомотива интервенира директно во јавната сфера, создавајќи
простор кој е потребен за делување на граѓанските организации во полето на културата и поширокиот граѓанскиот сектор.

Назад кон фестивалот

EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4