0dmFij2epkM8QLWhKpSr

инфо

Година 2019
Дата/Време четврток 09.05 12:00
Место плато МКЦ
Земји учесници MK | МК

учесници

Марија Башевска

(Реактор – Истражување во акција)

ПОВЕЌЕ

Венко Филипче

Министер за здравство на РСМ

ПОВЕЌЕ

Елизабета Божиноска

Програмска директрка на ХЕРА

ПОВЕЌЕ

Љатифа Шиковска

ПОВЕЌЕ

A
Р

Т

И

С

Т

И

синопсис

Гинекологија и акушерство: сервиси, достапност и третман

Поседувањето достоинствен третман во доменот на репродуктивното здравје и ефективното информирање за здравствените сервиси се загарантирани човекови права. Некоректниот однос, физичкото и психолошкото вознемирување, игнорирањето на болката, лишувањето од избор при бременоста и раѓањето се сериозни секојдневни прекршоци на женските права кои мора да се адресираат јавно. Во процесот на снабдување услуги поврзани со репродуктивното здравје се појавуваат институционални, финансиски и субјективни бариери за кои е нужно системско решение. Токму затоа, на овој панел ќе ги отвориме овие теми за да зборуваме за здравствените услуги од доменот на репродуктивното здравје и нивната достапност за сите жени, особено за оние од социјално ранливите групи.

 

Со Министерот за здравство Венко Филипчe, претседателката на Комитетот за безбедно мајчинство Д-р Ана Данева Маркова од Гинеколошко-акушерската клиника, здравствената медиаторка Љатифа Шиковска и Елизабета Божиноска која е програмска директорка на ХЕРА – Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ќе разговараме за односите на гинеколошките и акушерските установи кон жените во нашата земја. И, конечно, ќе ги истакнеме проблемите со кои жените се соочуваат во доменот на репродуктивното здравје за кои ретко се говори, за да добиеме квалитетни, ефективни и пријателски услуги во иднина.

Назад кон фестивалот

EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4