0Ol7DsLvPf1FSD7JEnzz

инфо

Година 2019
Дата/Време петок 10.05 18:00
Место Женска соба | фоаје Фросина, на кат
Земји учесници МК

учесници

Калиа Димитрова

Калиа Димитрова (Скопје, 1991) дипломира на политички науки на Правниот факултет при УКИМво Скопје, а нејзината магистратура во областа на…

ПОВЕЌЕ

Ена Бендевска

Ена Бендевска (Скопје, 1994) дипломира политички науки и меѓународна безбедност на Универзитетот Мастрихт во Холандија. За време на студиите е…

ПОВЕЌЕ

A
Р

Т

И

С

Т

И

синопсис

Можеш ли да нѐ следиш? | Женското тело во Инста декада

ДИСКУСИЈА

Можеш ли да нѐ следиш? (Женското тело во Инста декада) – Медуза

Модерираат: Калиа Димитрова и Ena Bendevska
Говорат: Марија Ангеловска, Trpeska Aleksandra и Kika Aveiro

 

Комплексната врска меѓу женските тела и медиумите е разочарувачки одраз на третманот на општеството кон жените и нивното право да постојат и да се изразуваат автономно во своето опкружување. Отсуството на репрезентацијата и нереалните стандарди за убавина со кои жените историски се соочуваат, во време на социјалните медиуми се зајакнати со цензура, вознемирување и непосакувани коментари, критики и напади. Поради ова, панелот ќе ги адресира проблемите на кои наидува женското тело, како и коментарите, очекувањата и нереалистичните стандарди, наметнати од корисниците и од општеството. Дополнително, панелот ќе ги проблематизира сите можни начини, модели и форми на изразување за (ре)апроприација на просторот кој го нудат социјалните медиуми како поле за автономно изразување на женското тело. Нашите говорнички ќе ги начнат овие теми преку своите искуства и своето присуство на социјалните медиуми.

 

Панелот е иницијатива на феминистичка онлајн платформа Медуза (www.meduza.mk) и ќе биде модериран од Калиа Димитрова, главна и одговорна уредничка на Медуза и Ена Бендевска која стои зад социјалните медиуми на платформата (@meduzaplatform). Говорнички на овој панел се: мултимедијалната уметница и феминистка Марија Ангеловска (@marijangelovska), Александра Трпеска (@majestic.at) која веќе пет години работи со дигитален маркетинг и ја користи моќта на социјалните мрежи за да ги пренесе своите пораки за self-love и Кика Аверио (@kikaaveiro), Body Positivity активисткa, плус-сајз модел и social media influencer.

 

Сите три со своето присуство на социјалните медиуми активно се залагаат за себе-прифаќање и слободно изразување и без извинување ги критикуваат сајбер цензурата и булингот.

Назад кон фестивалот

EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4