3rjK1t6q1nfaNppqBXXj

инфо

Година 2019
Дата/Време петок 10.05 19:00
Место Женска соба | фоаје Фросина, на кат
Земји учесници МК

учесници

Илина Јакимовска

  Д-р Илина Јакимовска е редовна професорка на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и…

ПОВЕЌЕ

A
Р

Т

И

С

Т

И

синопсис

Куро крај нема: фолклорот на телесноста како егзотика и сензација

 

Предавање

„Куро крај нема: фолклорот на телесноста како егзотика и сензација“

Илина Јакимовска

во соработка со ЦИНИК – Центар за истражување на национализмот и културата

 

Предавањето ќе се осврне на начинот на кој етнологијата и културната антропологија го проблематизираат телото, но и етичките и други дилеми кои произлегуваат од истото. Имено, фокусирањето на она што е необично, зазорно во „егзотичните“ култури (меѓу кои и балканските), занемарува едно важно прашање: дали некои од телесните практики во рамки на овие култури претставуваат сурово прекршување на човечки права и дали треба да бидат сузбиени, или напротив, треба да бидат толерирани и почитувани како дел од автентична традиција,  во име на културната разновидност?

Д-р Илина Јакимовска е редовна професорка на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Докторирала на тема „Телото во народната култура: нормирање, воспитување, надзор и казнување“. Се занимавала, меѓу другото, со женскиот општествен ангажман од руралниот 19 век до современите политички протести, со атипичните сексуални однесувања во македонското народно творештво, како и со употребата на фолклорот во современата политичка реторика и популарниот дискурс во Македонија. Уредничка е на рубриката за култура Букбокс на порталот off.net, а работела и како етнолошки консултант во филмовите на Милчо Манчевски. Авторка е и на две збирки поезија и кратки раскази: Сонце во тегла и Најважната игра.

 

 

Назад кон фестивалот

EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4