HYGxMvcR3Ow8u040Nn4Z

инфо

Година 2019
Дата/Време петок 10.05 21:30
Место Бифе Фросина
Земји учесници СЛО

учесници

Лана Здравковиќ

Лана Здравковиќ е перформерка од тандемот Kitch од Словенија, кој го истражува субверзивниот, политички и еманципаторски потенцијал на феноменот на…

ПОВЕЌЕ

A
Р

Т

И

С

Т

И

синопсис

БЕГАЛКА | Лана Здравковиќ

Перформанс

„Бегалка“

Лана Здравковиќ

 

               Перформансот „Бегалка“ произлегува од реобмислувањето на проблемот со бегалството низ родова перспектива, и ја отелотворува жената која бега од војната, сиромаштијата, бедата, но и од патријархатот, мачоизмот и сексизмот. Голото тело на перформерката упатува на нејзиниот гол живот (homo sacer), но и на фактот дека бегалките не се немоќни жртви кои немаат желба да уживаат или кои немаат потреба да се борат за сопствената еманципација. Перформансот е создаден како дел од редовната програма од вечерните бурлески на колективот Tatovi padob (Image Snatchers) кои се изведуваат во Љубљана.

               Лана Здравковиќ е перформерка од тандемот Kitch од Словенија, кој го истражува субверзивниот, политички и еманципаторски потенцијал на феноменот на кичот. Членува во веќе споменатиот колектив Tatovi padob кој работи во полето на бурлеската, кабарето и циркусот и како перформерка вклучена е во платформата на современите перформативни уметности Via Negativa Lab. Истовремено истражува во Мировниот институт во Љубљана, пишува, објавува и политички е активна во своето опкружување.

Назад кон фестивалот

EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4