DnxpWhiXjsdCkXrpui78

инфо

Година 2019
Дата/Време четврток 09.05 19:00
Место Женска соба | фоаје Фросина, на кат
Земји учесници МК

учесници

Јана Јакимовска

   Јана Јакимовска (1981) дипломира и магистрира на сликарскиот оддел на факултетот за ликовни уметности во Скопје. Се занимава со сликарство, дигитални…

ПОВЕЌЕ

A
Р

Т

И

С

Т

И

синопсис

O | Јана Јакимовска

Изложба

“О”

Јана Јакимовска

 

Дигитално, зашто иднината е дигитална. Фотографирано, зашто во копи-пејст сегашноста старите вештини се непотребен луксуз. Чкртано, зашто секој знае да чкрта. Текстуално обременето, зашто живееме во време на меме-култура, снепчет и пурикура. Автопортрет, зашто твојата приказна полесно се голта низ туѓо искривено лице. Факти, зашто боговите треба да се замолчат еднаш засекогаш. Хумор, зашто  не постои тема што не смее да се исмее. Оргазам, зашто она за што не зборуваме престанува да постои. – Јана Јакимовска

               Јана Јакимовска (1981) дипломира и магистрира на сликарскиот оддел на факултетот за ликовни уметности во Скопје. Се занимава со сликарство, дигитални медиуми, графички дизајн, фотографија, илустрација и интервенции во јавен простор. Нејзиното најново творештво се фокусира на феминистичкиот аспект, разгледан низ призмата на телото, себството, сексуалноста и позицијата на жената во општеството денес.  До сега имала петнаесет самостојни изложби во Њујорк, Скопје, Белград, Приштина, Куманово, Гевгелија и Штип. Учествувала на бројни групни изложби во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Турција, Грција, Италија, Литванија, Германија и САД. Работи како вонреден професор на Ликовната академија на Универзитетот Гоце Делчев во Штип.

 

 

Назад кон фестивалот

EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4