WG03PL0cs1fO8Br80VYi

инфо

Година 2020
Дата/Време четврток 20.08 20:30
Место ЦАЦ Мобилна галерија, Парк на Франкофонијата
Земји учесници МК

учесници

PERIOD Skopje

PERIOD Skopje како поглавје на Period. The Menstrual Movement е младински предводена непрофитна организација. PERIOD Skopje се бори за ставање…

ПОВЕЌЕ

A
Р

Т

И

С

Т

И

синопсис

Period. End of Sentence.

Младинска програма 

Проекција на едукативен филм и форум дискусија 

во соработка со Period. The Menstrual Movement Skopje

 

Кога во светот со широко распространета нееднаквост, ксенофобија, полициска бруталност, расизам, јакнење на популистичките и фундаменталистички движења и неповратно уништување на природата, младите жени ќе се здружат, тие можат да поттикнат клучни промени. Девојките здружено го разнишуваат патријархатот, ги штитат човековите права и ги надминуваат нееднаквостите. ПРВО ПА ЖЕНСКО отсекогаш бил отворен простор за локалните младински иницијативи со феминистичка агенда. Така, годинава се здруживме со девојките од PERIOD Skopje во развојот и реализацијата на програмата на Фестивалот првенствено наменета за младинската публика, која овој пат е фокусирана на темата на менструалната сиромаштија. Пристапот до санитарни производи, безбедни, хигиенски простории во кои тие можат да се користат, како и правото да се живее со менструацијата без срам или стигма, е од суштинско значење за секој што менструира. За жал, за многумина, ова не е реалност. Менструалната сиромаштија не е само потенцијален здравствен ризик – таа може да влијае и на пристапот до образование, развојот, а може да се одрази на целокупниот квалитет на животот.

Назад кон фестивалот

EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4