ПРЕМИЕРА: МИ ТРЕБА НОВО ТЕЛО – танцов перформанс
Кога кризите – пандемијата, климатскиот колапс, војните и нуклеарните закани, веќе не се трупаат туку се хранат една со друга, полесно ни е да го замислиме крајот на светот, отколку да се спротивставиме на експанзијата, експлоатацијата и екстракцијата. Единствениот начин да преживееме е да останеме здружении да ја замислиме најрадикална алтернатива на светот, поцврство држејќи се за раце, посилно прегрнувајќи се, сакајќи се повеќе од кога и да е.
Потврдувајќи дека ПРВО ПА ЖЕНСКО е (сè уште) тука само зашто отсекогаш било заедничко – споделено место на среќавање и ненапуштање, на запознавање и спознавање, на споделување без хиерархии, на нежност и грижа еден за друг, изведувачката програма на јубилејното издание на Фестивалот се остварува благодарение и во чест на другарКите кои од самиот почеток ја сакаа(т), поддржуваа(т), овозможуваа(т) и создаваа(т). Здружени со Локомотива на 47-от МОТ со публиката ќе ја споделие премиерата на новиот танцов перформанс МИ ТРЕБА НОВО ТЕЛО на долгогодипната сакана другарка на ПРВО ПА ЖЕНСКО – кореографката и изведувачка Викторија Илиоска (Северна Македонија/Германија) проследена со разговор со авторката, воден од Билјана Тануровска – Ќулавковски и Кристина Леловац.
Хана Арент пишуваше дека некои пријателства се она што животот го прави вреден за живеење. ПРВО ПА ЖЕНСКО потврдува дека женското другарство е единствената причина што ги преживеавме десетте години зад нас и заговара дека тоа е единствениот начин да ги преживееме десетиците години пред нас, па и крајот на светот.



Во светот во кој уживаме во лажната слика на бескрајни ресурси, каде ја исшмукавме земјата за да ги извлечеме последните нејзини состојки, како успеваме и понатаму да пумпаме? Процесот на пумпање, односно преместување на материите од едно место на друго, се чини е во сржта на повеќето витални процеси на производството и на репродукцијата. Шмукаме, цицаме, извлекуваме и го исцедуваме земјиното тело за да ги збогатиме нашите животи, во исто време празнејќи ги нашите иднини. Така и ги инјектираме, зголемуваме и ги пумпаме нашите тела, преминувајќи ја границата на нивните капацитети.
Но, парадоксално, додека пумпањето е капиталистичка пракса на исцрпување, тоа во исто време може да биде и феминистичка пракса на збогатување и подобрување. Кога се пумпа на едната страна, се исцедува другата. На крајот можеби ова дело ќе зборува повеќе за трошење, празнење и исцрпување. Едно е сигурно, „Ми треба ново тело“ ќе се одвива помеѓу телото како изложување и телото како ресурс, барајќи го местото каде што овие две се вкрстуваат.
Но, парадоксално, додека пумпањето е капиталистичка пракса на исцрпување, тоа во исто време може да биде и феминистичка пракса на збогатување и подобрување. Кога се пумпа на едната страна, се исцедува другата. На крајот можеби ова дело ќе зборува повеќе за трошење, празнење и исцрпување. Едно е сигурно, „Ми треба ново тело“ ќе се одвива помеѓу телото како изложување и телото како ресурс, барајќи го местото каде што овие две се вкрстуваат.
Копродукција помеѓу Локомотива – Центар за нова иницијатива во уметноста и културата/програм Кореографирани тела, Life Long Burning (LLB)/Програм Performance Situation Room, Номад Танц Академија Словенија и Викторија Илиоска. Поддржано од: Министерство за култура на Северна Македонија, Креативна Европа (во рамки на Life Long Burning проект)
Десетото издание на Фестивалот е поддржано од Шведска и The Kvinna till Kvinna Foundation, FRIDA | The Young Feminist Fund, Зигрид Раусинг Траст и Министерство за култура на РС Македонија.



