Акција #СподелиАвторка со Stella Network
„Сподели авторка“ е солидарна иницијатива започната со цел да го промовира женското литературно творештво и достапноста до феминистичката литература во јавните библиотеки. Но, „Сподели авторка“ е многу повеќе поддржување на женското писмо во локалните библиотеки. Идејата е креирањето на солидарни мрежи, запознавање на младите со локалните библиотеки, имено и зачувување на истите како јавни простори.
Досега имаат донирано над 2.500 книги низ цела Македонија, со фокус на помалите места и јавните простори. На 22 март во 2021 година за прв пат донираа книги преку „Сподели авторка“ за НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола“. Низ годините се покажа дека оваа иницијатива е многу важна за споделување на женското творештво и за феминистичката литература, за поддршка на авторките но и поттик за многумина да продолжат да творат и да го развиваат женското писмо. Досега донирале над 2.500 книги, а „Сподели авторка“ продолжува и понатаму да донира книги во јавните библиотеки, младински културни центри и училишта низ Македонија, а кон иницијативата можете да придонесете и вие со донација на книги од женски автори.
