Хана Корнети е писателка, музичарка, надежна вештерка, лоша градинарка. И во книгите и во песните и во вештерството и во градинарството раскажува приказни и прави грешки, но – според одредени, се разбира, блиски пријатели – грешки кои луѓето ги засакуваат. Ако ви се слуша, пуштето го нејзиниот албум „Голи песни“ (Шарла, 2023) на Јутјуб или Бендкемп. Годинава, баш радосно се враќа по втор пат да свири на ППЖ, меѓу старите и нови, необјавени песни! Ако ви се чита, можете да ја ѕирнете нејзината дебитантска збирка раскази за возрасни, „Млечни заби“ (Или-Или, 2021), романот-фантастика за деца „Илина и шумските тролови“ (Или-Или, 2023), или nonfiction делото, спремена заедно со Ивана Чалоска и Димитар Самарџиев за општествената градина „Бостание“ – Croprising: Good Weeds & Bad Gardeners – A Guide (ПП, 2023).

