4YGv7PZwtTCf13aBkNEE

инфо

Година 2024
Дата/Време сабота 01.06 17:00
Место
Земји учесници МК

учесници

Калиа Димитрова

Калиа Димитрова (Скопје, 1991) дипломира на политички науки на Правниот факултет при УКИМво Скопје, а нејзината магистратура во областа на…

ПОВЕЌЕ

Tiiiit! Inc.

Тиииит! Инк. сме ние!

ПОВЕЌЕ

Марија Христова

Марија Христова (р. 1985, Скопје, Северна Македонија) е уредничка и културна работничка, со-основачка на PrivatePrint, независно издавачко и кураторско студио…

ПОВЕЌЕ

A
Р

Т

И

С

Т

И

синопсис

„Години будни“ е книга посветена на првите десет години од ПРВО ПА ЖЕНСКО – фестивалот што го сакаме. Taa не е дефинитивен, финален документ, туку критичко, асоцијативно, пријателско и, на моменти, носталгично осврнување на првите десет години на ППЖ, во кое збор земаат неговиот тим, соработничките и соработниците, пријателите и поддржувачите, од локалната сцена и од регионот. 

***

Уредничка: Марија Христова

Марија Христова (р. 1985, Скопје, Северна Македонија) е уредничка и културна работничка, со-основачка на PrivatePrint, независно издавачко и кураторско студио од Скопје. Дипломира на катедрата за Италијански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, во Скопје, во 2009 година, а во 2013 магистрира на Интердисциплинарните културолошки студии на Институтот за македонска литература во Скопје. Нејзиното работно искуство во рамките на PrivatePrint или во надворешни соработки, подразбира уредничка и авторска работа во разновидни издавачки, уметнички и интердисциплинарни проекти и секојдневно вклучува аспекти од културен менаџмент и организација до замисла и авторство. Таа силно верува дека соработничкиот и интердисциплинарниот пристап во креативната практика се основа за општествено ангажирана работа што се стреми да поттикне промена и релевантност.

***

Промоторка: Калиа Димитрова

Калиа Димитрова (1991) е писателка, активистка и феминистка од Скопје. Има диплома за политички науки на Правниот факултет Јустинијан Први на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “во Скопје. Магистерските студии во областа на културните студии ја донесоа во Холандија, Полска и САД, каде студираше и живееше до 2017 година, пред да се врати во Скопје. Во 2018 година ја издава својата прва книга „Вештерките денес“ и станува дел од тимот на Фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКО. Работи во Хелсиншкиот комитет за човекови права – Скопје, фокусиран на родот и ЛГБТИ правата. Основачка е и главна уредничка на првата феминистичка платформа на македонски јазик – Медуза www.meduza.mk. Кога одвојува време, пишува есеи и поезија.

Назад кон фестивалот

MK

Please be informed that we use technologies such as cookies on our site to enhance your user experience. Click below to consent to the use of this technology on our site. For further details see Our Privacy Policy

Allow cookies
MK
Created with Fabric.js 5.2.4