VKEkpjmOeJ4eLdtimD3I

инфо

Година 2023
Дата/Време сабота 11.11 12:00
Место
Земји учесници Македонија | MK

учесници

Биљана Тануровска Ќулавковски

Биљана Тануровска Ќулавковски 

ПОВЕЌЕ

Кристина Леловац

ПОВЕЌЕ

Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата

Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата е граѓанска организација и активен учесник во градењето и развојот на…

ПОВЕЌЕ

A
Р

Т

И

С

Т

И

синопсис

11 ноември во 12 часот во Младински Културен Центар || МОТ фестивал

Институција која недостасува е продолжение на серијата (ко-кураторски) разговори Дијалог кој недостасува кои ЛОКОМОТИВА и ПРВО ПА ЖЕНСКО ги започнаа минатата година со цел да се креира простор во јавноста каде ќе можеме заедно да рефлектираме за делата, практиките, потребите, процесите, условите и политиките во полето на современите изведувачки уметности. Сметаме дека на тој начин ќе придонесеме кон ослободување од доминантниот впечаток во локалната професионална заедница и кај пошироката публика, дека творечките процеси во полето на современите изведувачки уметности, како и самите дела се херметични поради тоа што отстапуваат од традиционалните линеарни постапки во креирањето.

Годинава на МОТ продолжуваме да ги водиме овие дискусии со цел да откриваме и создаваме повеќегласие за современата изведувачка уметност или современите перформативни практики и заедно да гледаме, да исчитуваме и да промислуваме за нив.

Бидејќи процесите во современите изведувачки практики, како и начини на творење условуваат и поинакви потреби за развој, креирање, изучување и претставување во полето на современиот перформанс.

Со оваа дискусија сакаме тоа повеќегласие да го создаваме заедно со соработниците од сцената на тема: Институција која недостасува, со кои ја делиме фрустрацијата од непостоење на означен простор каде ќе соработуваме, ќе ги развиваме своите дела, ќе ги прикажуваме на публиката, ќе рефлектираме за нив и ќе ги институираме. Односно, чувството на немање дом каде – во соодветни услови можеме да ги развиваме нашите практики и да ги споделуваме со публиката.

Прашањата што ќе ги поставиме се однесуваат на минатото и мапирање на просторите, идеите и иницијативите кои доведоа до оваа идеја, ќе зборуваме за она што сме имале, а и сме изгубиле и како тоа влијаело или влијае на сцената, и на крај ќе зборуваме за она – каква институција за современи перформативни уметнички практики ни треба? Дали треба да се разгрануваме по дисциплини и форми, или да се спојуваме и градиме заеднички простори?

Ние сметаме дека заеднички простор кој би ги споил современите перформативни практики кои делуваат во земјава е она на кое треба да се насочиме и да дадеме можност за континуиран програмски, а не само проектен развој на авторски уметнички практики, да дадеме можност за развој на прогресивни пристапи, методи на творење и соработка кои додатно ќе го збогатат просторот со една нова современа, светски препознаена и релевантна развојна сцена.  

Модераторки на дискусијата: Кристина Леловац и Биљана Тануровска-Ќулавковски

Дискусијата се организира во рамки на програмата на ЛОКОМОТИВА Перформанс Платформа/Nomad Dance Sessions дел од мрежата Life Long Burning и на изведувачката програма на Фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКО 11. Партнери на Локомитива и ПРВО ПА ЖЕНСКО се МОТ фестивалот, Диверт Загреб и  Факултетот за драмски уметности –  Скопје.

Перформанс Платформа/Nomad Dance Sessions програмата е дел од интердисциплинарната програма на Локомотива и PERFORMANCE SITUATION ROOM / LLB 3 проектот, поддржани од Креативна Европа и Европската Комисија за Култура, како и Министерството за култура на Република Северна Македонија.  

Единаесетото издание на фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКО е поддржано од  Амбасадата на Шведска во Скопје и The Kvinna till Kvinna Foundation, Equality Fund, Зигрид Раусинг Траст и Министерство за култура на Република Северна Македонија.

Назад кон фестивалот

MK

Please be informed that we use technologies such as cookies on our site to enhance your user experience. Click below to consent to the use of this technology on our site. For further details see Our Privacy Policy

Allow cookies
MK
Created with Fabric.js 5.2.4