YnIvhNAFwPyfx8gSsbLO

инфо

Година 2020
Дата/Време сабота 22.08 21:00
Место MoCA plateau
Земји учесници RS | Македонија

учесници

Кумјана Новакова

Кумјана Новакова, работи во полето на креативниот документарен филм и аудиовизуелните уметности од 2006 година кога и го кооснова филмскиот…

ПОВЕЌЕ

Ана Павловиќ

Ана Павловиќ е уметница која работи со различни медиуми како инсталации, звучни инсталации и филм. Родена е во Белград, Србија…

ПОВЕЌЕ

A
Р

Т

И

С

Т

И

синопсис

Film screening: ”Letters 1” & “Letters 2”

 

Што е филм?

“Писма 1” и “Писма 2” 

Ана Павловиќ

Данска / 2018 / 67’, 28′

соработка со Филмската и видео програма на Музејот на современа уметност – Скопје

Селекција и концепт: Кумјана Новакова

 

Изворен јазик: Српски

Монтажа: Владимир Томиќ

Камера: Ана Павловиќ

Продукција: Ана Павловиќ

Контакт: Ана Павловиќ

anapavlovic.com

Сижејна линија на интимниот дневник конструиран од сеќавањата на мигрантки од првите години од нивниот престој во Данска – Писма 1 и Писма 2, е размената на писма и фотографии помеѓу Ана Павловиќ во Копенхаген и нејзината мајка во Белград. Истовремено прикажувајќи лични писма и фотографии и од други мигрантки, Ана Павловиќ создава колаж од сеќавања на жени кои живеат во слични околности.

Во Писма 1 Ана ги чита писмата што повеќе жени ги испраќале до своите семејства дома за време на нивниот престој во Данска, додека паралелно со ножици сече фотографии и преку форма на колаж создава нови контексти за фотографиите и наративите. 

Во Писма 2 гледаме семејни фотографии додека се читаат писмата коишто овие жени ги добиле од своите семејства. Преписките откриваат интимни размислувања на жени соочени со тешки, на моменти и контроверзни, одлуки. Размената на писма и фотографии зборува за работата на куќните помошнички, за непријавениот труд, за брачната миграција, за подобро или полошо. Целосното искуство станува еден вид дијалог помеѓу двата филма во кој разделеноста е и физичка и духовна. Гледаме како двете страни развиваат механизми и стратегии за справување со сништата и реалноста на животот на Запад.

Назад кон фестивалот

MK

Please be informed that we use technologies such as cookies on our site to enhance your user experience. Click below to consent to the use of this technology on our site. For further details see Our Privacy Policy

Allow cookies
MK
Created with Fabric.js 5.2.4