1pY4BjHM1KbN6MdgRwO8

инфо

Година 2019
Дата/Време сабота 11.05 20:30
Место Cinema Frosina
Земји учесници MK | СЛО

учесници

Симона Семенич

Симона Семенич e словенечка драмска писателка и изведувачка. Добитничка е на најзначајната национална награда за уметничко дело во нејзината земја…

ПОВЕЌЕ

Верица Недеска

Верица Недеска е македонска актерка и изведувачка. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје и магистрирала применети уметности на…

ПОВЕЌЕ

Билјана Радиноска

Билјана Радиноска е театарска режисерка која работи во пресекот помеѓу класичниот и експерименталниот театар, оформувајќи повеќеслоен театарски израз помеѓу документарното…

ПОВЕЌЕ

A
Р

Т

И

С

Т

И

синопсис

“I, VICTIM” & “The Second Time”

Текст: Симона Семенич

Играат: Верица Недеска и Симона Семенич

Дизајн на светло: Игор Ремета

Копродукција: Место Женск, Прво па женско и МОТ+.

 

Првото изведувачко соло „Јас, жртвата“ на драмската писателка и изведувачка Симона Семенич се занимава со нејзините блиски средби со темните сили од различни типови. Споделувајќи го своето искуство со епилепсијата и здравствениот систем, со гениталниот херпес и здравствениот систем, како и со многу други нешта, таа зборува за начините на кои се справува со она коешто многумина од нас го искусуваат и трпат секојдневно.

За да го изведе перформансот „Јас, жртвата“ на Прво па женско, по неколкуте години активна работа во областа на филмот, на штиците што живот значат конечно се враќа Верица Недеска. Таа и режисерката Билјана Радиноска работеа на подготвките на перформансот за македонската публика. Благодарение на отвореноста и поддршката од Место Женск и МОТ+, Прво па женско конечно може да се пофали со својата прва копродукција во областа на изведувачките уметности.

Вториот пат е втората изведба на овој перформанс од 2014 година. Симона го почнува својот монолог буквално онаму каде што го завршува првиот. Отворајќи ја изведбата со последните зборови од првата изведба – „Остајте ме да пушам“, таа на изведувачки оригинален и емотивно разоружувачки начин, нѐ информира за тоа што се случило во меѓувреме, во годините меѓу првата и втората изведба на перформансот. 

Назад кон фестивалот

MK

Please be informed that we use technologies such as cookies on our site to enhance your user experience. Click below to consent to the use of this technology on our site. For further details see Our Privacy Policy

Allow cookies
MK
Created with Fabric.js 5.2.4