2CVDtJX1AFhjO4kHX2xN

инфо

Година 2019
Дата/Време петок 10.05 20:30
Место 25th of May Hall
Земји учесници СЛО

учесници

Наташа Живковиќ

Наташа Живковиќ е независна сестрана уметница од Словенија која се занимава со изведувачки уметности: театар, современ танц и филм. Таа…

ПОВЕЌЕ

A
Р

Т

И

С

Т

И

синопсис

SONNY | Nataša Živković

 

Перформанс

„СИНЕ“

Наташа Живковиќ

соработка со Меѓунардониот фестивал за изведувачки уметности Место Женск од Љубљана и MOT+

 

Играат: Наташа Живковиќ, Даниел Петковиќ, Луп Аврамовиќи и Слободан Малиќ

Сценски дизајн и сценографија: Ленка Ѓоројевиќ

Дизајн на светло и техничка координација: Шпела Шкуљ

Фотографија: Нада Жганк

Советувачка: Теја Реба

Извршна продуцентка: Ева Продан

Продукција: Место Женск

Копродукција: Bunker – Stara Elektrarna

Специјална благодарност до Maska и Mladinsko Gledališče

Перфрмансот е развиен во рамки на проектот Performing gender – Dance makes differences. Поддржано од Creative Europe, Министерство за култура на Р. Словенија и Градот Љубљана

 

“Сине! – ми вели блиска роднина кога ја посетувам во Црна Гора”

„СИНЕ“ е интердисциплинарен потфат кој поаѓа од интересот за имажите на жената во културите и вклучува антрополошки истражувања на конкретни феномени во форма на перформанс. Тој ја изразува фасцинацијата од сликите и приказните на заречените девици (виргини) од изолираните делови на Црна Гора, Албанија, Косово и Метохија. На постерот на Центарот за женски права од кампањата против селективниот абортус во 2017 година пишува “Непосакувана е всушност често женско име во (нашата) Црна Гора“. „Жената е вреќа создадена да трпи“, дополнително се вели во Кунанот на Леќ Дукаѓини, практикуван во Средниот век во северна Албанија и Косово.

Но, и: „Последната виргина почина. Нејзината последна желба беше на фамилијарниот епитаф за неа да пишува дека била единствениот преживеан син на татко си“- пишуваше весникот Блиц во 2016 година. Перформансот ги истражува овие приказни во релација со прашањето за опстанокот на жената во машкиот свет, запрашувајќи нѐ во какво општество живееме. Содржината емотивно ја прикажува дупката во системот која го одржува самиот систем преку родов перформанс (или Перформативниот род), во чии рамки танцувањето предизвикува суштинска промена.

Наташа Живковиќ е независна сестрана уметница од Словенија која се занимава со изведувачки уметности: театар, современ танц и филм. Таа е актерка, кореографка и танчерка на институционалните и алтернативните сцени, како и менторка и професорка по балет и современ танц.

 

Назад кон фестивалот

MK

Please be informed that we use technologies such as cookies on our site to enhance your user experience. Click below to consent to the use of this technology on our site. For further details see Our Privacy Policy

Allow cookies
MK
Created with Fabric.js 5.2.4